Потпретседателката на Националната партија на Шкотска, Никола Стурџон ќе го наследи Алекс Салмонд на местото лидер на партијата, а истовремено ќе стане и првата жена премиерка на земјата.
Четириесет и четири годишната Стурџон, која била единствен кандидат за ледорското место во партијата, официјално ќе ја преземе функцијата на 14 ноември.
Местото претседател на СНП значи истовремено дека таа ќе биде прва жена на функцијата премиер на Шкотска.
– Таа ќе биде фантастичен нов лидер и за партијата и за нашата земја, истакна пратеникот на СНП, Дерек Мекеј.
Откако 55 отсто од Шкотланѓаните на референдумот на 18 септември гласаа за останување во составот на Велика Британија, премиерот Салмонд поднесе оставка.