Соработката на Република Македонија со агенциите на Обединетите Нации во областа на образованието беа тема на средбата на министерот за обрзование и наука, Абдилаќим Адеми со постојаниот координатор на Светската организација и преставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, Луиза Винтон.
Како што соопшти МОН, на средбата посебен осврт бил даден на повеќе проекти од взаемен интерес, меѓу кои тековниот проект за образование и обука на лица кои издржуваат казни во Казнено поправните установи во земјата.
– Тема на разговор беше и подготовката на Стратегијата на делување и развојна поддршка на Обединетите Нации во Република Македонија со важност до 2020 година, за што, министерот Адеми потврди учество во дефинирањето на приоритетите во сферата на образованието, но и активен придонес кон глобалните процеси врзани за милениумските развојни цели содржани во агендата на Обединетите Нации, се вели во соопштението.