Граѓаните превенираат хронични бубрежни заболувања – реализирани 100 прегледи во нефролошките амбуланти

Од:

Со цел рано откривање на хронична бубрежна болест кај пациентите, од месец јули годинава, Министерството за здравство воведе специјализирани нефролошки пунктови (амбуланти) во повеќе региони низ државата.

Од Министерството за здравство информираат дека прегледите во амбулантите се бесплатни за пациентите, а матичните лекари ги упатуваат пациентите на преглед во амбулантите во зависност од проценетата бубрежна функција преку лабораториски анализи.

Според податоците од електронскиот систем за закажување прегледи МојТермин, од почетокот на функционирањето на нефролошките амбуланти досега се прегледани 100 пациенти.

Раното откривање на хронична бубрежна болест е главен предуслов за успешно спречување на губењето на функцијата на бубрезите и намалување на сите ризик фактори за ова заболување, имајќи предвид дека кај сè повеќе луѓе се открива напредна бубрежна инсуфициенција без претходни симптоми или претходно познати бубрежни заболувања.

Според акцискиот план за отворање на амбулантите, од јули започнаа со работа амбулантите во Завод за нефрологија Струга, Здравствена станица Железара и Клиничка болница Штип, во август започна со работа амбулантата во Здравствен дом Делчево, во која матичните лекари упатуваат пациенти од регионот на Делчево, Берово и Пехчево, а во септември почнаа да функционираат и амбулантите во Општа болница Струмица, каде се упатуваат пациенти од Струмица, Гевгелија и Дојран, како и во Општа болница Велес каде се испраќаат пациенти од регионот на Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Како што е наведено во соопштението од Министерство за здравство, од почетокот на октомври се отворени нефролошките амбуланти во Клиничка болница Тетово и Клиничка болница Битола, а од месец ноември предвидено е да функционираат и нефролошки амбуланти  во  Општа болница Кочани и Општа болница Прилеп.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски