Натпревар на млади библиотекари во Кочани

Од:

Во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 16-от општинскиу натпревар „Млади библиотекари 2014“ на кој учествуваа 15 натпреварувачи- ученици од петте Основни училишта од Кочани.

Првото место и освоени максимален број поени 100, го освои ученичката Бојана Коцева од 8 одделение на Основното училиште „Кирил и Методиј“ од Кочани, која ќе ја претставува општината и кочанската библиотека на Републичкиот натпреварна млади библиотекари што ќе се одржи на 31 октомври во велешката библиотека.

Второто место и припадна на Јована Јангеловска ученичка од 9 одделение од ОУ„Раде Кратовче“, а третото на Нора Дамјанова од 9 одделение од ОУ„Кирил и Методиј“ од Кочани.

– Натпреварот го реализиравме според програмата на Библиотеката и беа прикажани одлични резултати, изјави Сузана Ѓоргиева, директор на Библиотеката „Искра“ од Кочани.

На учесниците во натпреварот им беа доделени дипломи и книги, а на наградените комплет книги од најновите изданија на библиотеката.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно