(ВИДЕО) Истражување на УСАИД: Висока перцепција за корумпираност кај судиите и обвинителите

Од:

Перцепцијата за висока корумпираност во правосудниот систем останува многу висока или 74 отсто перцепција за корумпирани судии и 61% перцепција за корумпирани јавни обвинители. Ова го покажува извештајот за проценката на корупцијата во Македонија на УСАИД.

Според истражувањето, корупција рспространета до највисок степен има кај царината или 34 отсто, кај полицијата 32,8%,кај Владата 26 отсто, обвинителство 22,6% и паралментот 21,2 отсто.

Истражувањето на пецепцијата за коримпираност по професии покажува дека 36 отсто од секој цариник е вмешан во корупција, 34 отсто од министрите се вмешани во корупција, 25 отсто од полицајците и јавните обвинители , 28 отсто од лекарите 14 % од новинарите покажало истражувањето на УСАИД за перцепција за корумпираност по професии.

Во извештајот е нотирано дека на Државната комисија за спречување на корупцијата потребно и е зајакнување на независноста а отсуството на отворени податоци создава потешкотии при анализа на ефикасноста на институциите во борбата против корупцијата.

Во делот за економијата извештајот нотира дека компаниите најчесто даваат поткуп за време на инспекции и при добивање градежни дозволи.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови