Сангај: Европските земји треба да имаат добри односи со Кина, но да не ги продаваат своите вредности

Од:

Според премиерот на тибетанската Влада во егзил, Лобсанг Сангај, декларацијата која Чешка и Кина ја потпишаа во април и во која Чешка се обврза дека нема да го доведува во прашање територијалниот интегритет на Кина и нема да ја поддржува независноста на Тибет е иронична.

– Кога Чехословачка, во 1968 година, војуваше за својата демократија и слобода, бараше од целиот свет, да изврши притисок врз Советскиот сојуз. Фактот дека истото не сакате да го направите за нас, едноставно е иронично, додаде Сангај, кој учествува на Конференцијата ,,Форум 2000″ која од 13 до 15 октомври се одржува во Прага, јави дописникот на МИА.

Според Сангај, кој ја води Владата во индискиот град Дарамсала веќе три години, Тибетанците сакаат европските земји да имаат добри односи со Кина.

– Но, сите земји би требало да не ја продаваат својата вредност. Човечките права, слободата и еднаквоста се основа на демократијата, рече Сангај, додавајќи дека чешката поддршка на Тибет, кој во 50.години на минатиот век Кина насилно го спои кон себе, а денеска има автономен статус, има силна поддршка меѓу чешките граѓани. Сангај верува дека и Тибет исто како и Чешка ,,ќе се ослободи од комунистичкиот режим”:

– Промената е прашање на форма и време. Кина сега можеби е како порано Советскиот сојуз. Секој режим еднаш доаѓа и си оди, рече Сангај.

За Тибетанците, според него, огромна инспирација е поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Хавел, кој беше блисок пријател на тибетанскиот духовен водач Далај Лама. Хавел, кој почина во 2011 година е основач на Форумот.

Би можело да ве интересира

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе

Во лавина во Тибет загинаа 20 лица, осум се водат како исчезнати

А1он

Членови на движењето „Free Tibet“ се обидоа да го прекинат палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија

САД: Ќе воведеме санкции за Кина ако Пекинг се меша во изборот на Далај Лама

Жарко Настоски

Силен земјотрес регистриран во Тибет

Ана Ололовска

Далај Лама: Човештвото има потреба од единство

Ана Ололовска