Рохани: Можен е договор пред 24. ноември

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани синоќа изрази надеж дека Техеран и светските сили би можеле да постигнат согласност за договорот за нуклеарната програма на земјата пред истекот на крајниот рок на 24 ноември.

Рохани нагласи дека Иран има политичка волја да постигне договор со петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, иако се уште постојат значителни несогласувања за што треба да се преговара.

Според Рохани, доколку не биде постигнат сеопфатен договор ниту една страна нема да се повлече од преговорите.

Наша желба е во рок од 40 дена тоа прашање да биде решено, но ако нешто се случи и не бидеме во можност да ги решиме сите проблеми, двете страни ќе изнајдат решение, изјави Рохани во интервју за Иранската телевизија.

На 15 октомври во Виена треба да биде одржан состанок меѓу американскиот државен секретар Џон Кери, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он