Индонезиската национална авиокомпанија „Гаруда“ денеска соопшти дека од „Боинг’’ нарачала 46 авиони за регионални и четири авиони за интерконтинентални летови.
Новата флотила ќе ја чини Индонезија 4,9 милијарди долари, а сигурно е дека поради обемот на порачката „Гаруда’’ добила и значаен попуст.
„Гаруда’’ е целосно во државна сопственост и работи успешно, но поради се поголемата конкуренција на нискобуџетските компании, меѓу кои се наметнуваат локалната „Лајон ер’’ и малезиската „Ер Азија’’ мора да ја обнови и зголеми флотата.
За да се одржи во острата меѓународна конкуренција Индонезија до крајот на идната година ќе изгради дури 165 нови локални аеродроми. Инвестицијата вредна 507 милиони долари треба да помогне и во промоција на подолгите летови кон Индонезија, бидејки националната компанија по иста цена ќе продава билет за меѓународен лет со бесплатна конекција до кој и да е аеродором во Индонезија.
За интерконтиненталните локации се планираат и други бенефиции ако се користат летовите во домашниот сообраќај.