Индепендент: Неуспех на американскиот план за уништување на ИД

Од:

Планот на американскиот претседател Барак Обама за уништување на џихадистите од Исламска држава (ИД) целосно се распадна, откако припадниците на оваа сунитска милитантна група, продолжуваат да ги одржуваат своите позиции во Ирак и Сирија, пишува лондонски „Индепендент“.

Според овој весник, планот на САД успешно се реализира само во северните делови од Ирак, каде религиозните шиитски милиции отворено зборуваат за ослободување од сунитите во религизоно мешаните средини. Резултатот од доегашната мисија е дека ирачките сунити немаат друга алтернатива, освен или да им се приклонат на џихадистите ид ИД, или да побегнат,ако сакаат да преживеат.

Повеќемина високи ирачки функционери затоа „очајнички бараат од САД“ интервенција на копнените сили во земата, особено откако џихадистите се приближуваат кон Багдад и веќе се на десетина километри од аердоромот на ирачкиот главен град.

Ваквите барања не ги прифаќа ирачкиот премиер Хајдар ал Абади кој и натаму инсистира дека воздушните напади врз позициите на ИД се она што и е потребно на ирачката армија, како поддршка за нејзините операции на теренот.

Најновите сознанија од фронот, откриваат дека ирачката војска и натаму трпи загуби од исламистите, а дека не успева да го сопре нивниот продор и во западниот дел од земјата,на границата со Сирија.

Високи функционери во Вашингтон и во Лондон, признаваат дека воздушните напади на сојузниците во Ирак, како и на Американците во Сирија, не се доволни за да се порази ИД, но засега ниту една земја не се определува за директна воена интервенција, за да се спаси Ирак од заканата да биде освоен од џихадистите.

Од Пентагон се порачува дека за совладување на ИД „е потребно време“ но во реонот на сирискиот град Кобане и понатаму, единствено Курдите војуваат со џихадистите, борејќи се за своето преживување.

Официјална Анкара одбива да се вклучи во пресметката со припадниците на ИД,иако е формално дел од анти-ИД коалицијата. САД засега не успеваат да ја убедат Турција да им помогне на сириските Курди, без разлика што се води битка не само за Кобане, туку и за виталниот премин кон сириско-турската граница која е гранична линија и на НАТО.

Турската страна се противи сама да интервенира и да се судри со ИД, но заговара и сосема различен приод во целиот план. Анкара инсистира на зона за забранети летови во пограничниот реон со Сирија, како и војна до победа против ИД, но и против „режимот на Асад“ во Дамаск.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска