Турција ќе дозволи САД и коалициските сили да ги користат нејзините воени бази за воздушни напади врз џихадисти на Исламската држава (ИД) во Сирија и Ирак, објави синоќа Вашингтон.
Според неименуван претставник на американското Mинистерство за одбрана, коалицијата на западните сили кои се борат против ИД ќе може да ја користи и турската база Инџирлик, во јужниот дел на земјата.
Администрацијата на американскиот претседател Обама ја повика Турција да земе поголема улога во борбата против екстремистите на ИД.