Двете австриски тинејџерки со босанско потекло, кои во април годинава им се приклучија на џихадистите од групат Исламска држава (ИД), сега се каат за тој нивен чекор и сакаат да се вратат назад.
Самра Кесиновиќ (17) и Сабина Селимовиќ (15), за кои сега се верува дека се мажени, се бремени и сакаат да се вратат во нивните домови, бидејќи целосно се разочарале од нивниот живот во градот Рака во Сирија.
Сабина и Самра, како што објавија австриските медиуми, се јавиле на своите семејства и им рекле дека веќе не може да да живеат како досега, но оти се плашат дека повеќе нема да можат да се вратат, бидејќи повеќето луѓе сега ги поврзуваат со ИД.
Кога побегнаа од своите куќи во Виена и отидоа во Сирија во „света војна“ оставиле порака: „Не не барајте. Ќе му служиме на Алах и ќе умреме за него“.
Тинејџерките преку социјалните мрежи се поврзале со терористите на ИД, кои и ги убедиле да заминат во Сирија. Пред да заминат тие биле видени пред една џамија.
Но, според безбедносните служби на Австрија нивното враќање во Виена е речиси невозможно. Австриската полиција исакажа загриженост од фактот дека тие може да поттикнат нивни врсници да заминат за Сирија.
– Главниот проблем е кога луѓето сакаат да се вратат во Австрија. Еднаш кога ќе си заминат тоа е речиси невозможно, изјави портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи Карл Хајц Грундбек.
Моментно полицијата се обидува да открие како Кесиновиќ и Селимовиќ биле убедени да им се приклучат на џихадистите и кој им помогнал да го реализираат нивниот план.