Евакуација во индиската дражава Андра Прадеш

Од:

Најмалку 100.000 луѓе се евакуирани од реоните на долж брегот на Бенгалскиот Залив во индиската држава Андра Прадеш, пред налетот на циклонот Худхуд, кој се очекува утре изутреина да ја погоди оваа област.

Индиската метереолошка служба (ИМД) го оцени Хундуд како „голема и силна циклонска бура“, која би можела да достигне удари на ветрот и до 165 километри на час и да нанесе големи штети.

Освен досега евакуираните, во план е евакуција и на уште околу 200.000 луѓе во внатрешноста на Андра Прадеш. Во соседната индиска држава Ориша, велат дека ја следат ситуацијата и дека се подготвени да евакуираат 300.000 луѓе во прифатилишта кои се опремени со сува храна, таблети за прочистување со вода и генератори.

Во најголемата индиска поморска база, која се наоѓа во најголемиот град во Андра Прадеш, Висакхапатнама се евакуирани 14.000 луѓе.

Во овој дел од годината брегот на Бенгалскиот Залив често е погодуван од циклони, кои доведуваат до прекин на електрична енергија и телефонските врски и предизвикуваат штети на посевите и човечки жртви, поради што се спроведуваат поголеми евакуации на луѓето.

Во истата област пред 15 години во налет на циклон загинаа 10.000 луѓе. Експертите предвидуваат дека во понеделник попладне, Хундуд ќе биде со помала јачина и дека тогаш најсилните удари од циклонот ќе достигнат до 65 километри на час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Европа уште се бори со поплавите, најмалку 17 мртви

Катерина Ѓуровски