Џихадистите стигнаа на 12 километри од Багдад

Од:

Припадниците на Исламска држава тргнаа во офанзива на Багдад, и напредуваат кон Абу Граиб, предградието кое е на само 12 километри од меѓународниот аеродром во Багдад.

Ирачката војска предупреди дека џихадистите поседуваат “манпад” противавионски ракети кои се со краток дострел но може да погодат авиони на висина до 4.500 километри.

Војската што се бори против екстремистите, потпомогната од САД, заостанува во одбраната на Багдад, а Исламска држава завзема и други територии во Ирак и во Сирија, и покрај интензивните воздушни напади.

Истовремемо, тајна група на екстремисти во Багдад секојдневно поставува бомби и вршат напади.

Џихадистите се во близина и на Анбар, градот во кој ирачката војска се подготвува за негово завземање од страна на припадниците на Исламска држава.

Ситуацијата во Анбар, градот западно од Багдад е прилично критична, рече официјален претставник на американската војска за Франс прес. Исламска држава го зголеми бројот на војници во базите во тој град, а притоа ја гранатирала и престолнината на провинцијата Рамади, град на 120 километри од Багдад.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска