Пo повод 11 Октомври – Ден на народното востание, делегација на Владата на Република Македонија во состав Фатмир Бесими, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи и Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи, денеска во 10:00 часот, ќе положи свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, на генерал Михајло Апостолски и на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта во Бутел.
Во 11:00 часот, владина делегација во состав Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура, Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа и Фуркан Чако, министер без ресор ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто и споменикот на паднатите херои за Македонија.
Пo повод Денот на народното востание, владина делегација во состав Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација и Јовица Андоновски, заменик министер за здравство денека во 09:30 часот, ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и пред Могилата на непобедените во општина Прилеп.
Владина делегација во состав Христијан Делев, заменик министер за економија, Драган Недељковиќ, заменик министер за култура и Неждет Мустафа, министер без ресор, денеска во 11:00 часот, ќе положи свежо цвеќе на Спомен костурницата во општина Куманово.