Македонија го празнува денот на антифашистичкото востание

Од:

Република Македонија денеска го одбележува Денот на антифашистичкото востание на кое македонскиот народ се кренал пред 73 години.

Организираното востание против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата почнало со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Следниот ден, на 12 октомври, се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред.

Единаесетти октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.  Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонија застанала на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се изборил за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг, како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија биле интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеле врз цивилното население, земјата претрпела и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Традиционално на празникот, во Собранието на РМ денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска