Утре, на празникот 11 октомври, 73 години по нападот на участокот во Прилеп, во Мобилна галерија, која се наоѓа во Паркот на франкофонијата во Скопје, ќе се одржи собир за да се одаде почит на партизаните кои, како што потсетува организаторот, со својата борба ја создадоа Македонија како антифашистичка, социјална и секуларна република.
-Целта е да се покаже дека во Македонија постојат сили кои се борат против повампирувањето на било која форма на фашизам, нацизам, шовинизам и дискриминација, велат организаторите.
Утре со почеток во 13 часот ќе биде отворена изложба на активистички плакати изработени од дизајнерите Фросина Цонева – Ивановиќ, Елена Јовановска и Небојша Гелевски – Бане, кои беа користени за одбележувањето на 70 години од одржувањето на АСНОМ. Половина час потоа ќе се обрати генералот Тодор Атанасовски, по што ќе има коктел и забава на отворено.