Италијанецот Роберто Ди Матео ќе седна на клупата на бундеслигашот Шалке на местото на досегашниот тренер Јенс Келер кој доби отказ по серијата слаби резултати.
Шалке на седумте одиграни натпревари сезонава забележа само две победи и уште два нерешени резултата и три порази и со 8 бодови се наоѓа на 11. место. Ремито со Марибор во ЛШ на свој терен (1:1) и поразот во Бундес лигата од Хофенхајм (1:2) беа директен повод раководството на клубот да се одлучи за смена на тренерската позиција.
– Денеска ја завршуваме соработката со Келер. Му благодариме за досегашната работа во клубот и му посакуваме успех во идните ангажмани. Наш нов тренер е Роберто Ди Матео, соопштија од Шалке.
Ди Матео во 2012 година со Челзи ја освои Лигата на шампионите.