„Дневни аваз“: Најлоши оценки за БиХ

Од:

„Дневни аваз“ пишува дека очекува БиХ од клучните европски официјални лица да добие „најлоши оценки“, бидејќи не остварила напредок кон членството во ЕУ.

Европската комисија за проширување утре ќе објави извештаи за напредок на државите кон членство во Европската унија, вклучувајќи ја и БиХ.

Новиот лидер на Комисијата најави пауза во проширување од пет години, но и покрај тоа во Брисел продолжи работата на подготвки на држави кои сакаат да станат членки, па затоа пред објава на извештаите ЕК соопшти пет услови кои секоја држава мора да ги исполни.

-Државите кои што сакаат да пристапат во Унијата мора првин да се посветат на прашања за реформи во правосудството и борба против организираниот криминал и корупција-наведоа од ЕК.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна