Џихадистите од Исламска држава денеска го поставија своето знаме на една зграда во сирискиот град Кобане, на границата со Турција, изјави претставник на турската војска.
Во Кобане од средината на септември се водат борби меѓу курдските сили и припадниците на ИД за контрола над тој стратешки град.
На телевизиските снимки снимени од Турција може да се види црно знаме, кое најверојатно припаѓа на ИД, како се виори над една четирикатна зграда.