Бактерии кои се хранат со радиоактивен отпад – можност или закана?

Од:

Бактериите кои јадат отпад не се голема новост, но тие кои јадат радиоактивен отпад се можеби вистинско откритие. Првпат се најдени бактерии кои можат да преживеат услови слични на тие какви што преовладуваат на места каде што се остава радиоактивен отпад.

Многу големи количини на нуклеарен отпад денес се закопуваат во светот. Најголема количина на ваков отпад (364.000 метри кубни) се обложуваат со бетон пред да се закопаат длабоко во земјата. Кога подземните води ќе дојдат до отпадот, реагираат со цементот и стануваат алкални. Таа промена покренува нова низа хемиски реакции и поттикнува распад на разни матрии на база на целулоза присутна во ваквиот отпад.

Едно од соединенијата поврзани за реакциите на цементот и водата, изосахаринската киселина, е потенцијален проблем бидејќи може да реагира со многу радиоизотопи (нестабилни, токсични елементи кои настануваат во текот на производството на нуклеарната енергија и се радиоактивна состојка на нуклеарниот отпад). Ако изосахаринската киселина се поврзува со радиоизотопите како што е ураниумот, радиоизотопите ќе бидат подложни на топење и ќе истечат од резервоарот а со тоа ќе дојдат поблиску до површината, каде можат да влезат во питка вода или ланецот на исхрана. Сепак, новото истражување покажува дека микроорганизмите можат да ја спречат оваа можност.

Со прегледување на примероците на многу активно тло од индустрискиот регион во Пик Дистрикт во Англија кое не е радиоактивно, но е загадено со алкален отпад од фабриката за вар, откриени се бактерии на кои им годат екстремни услови какви можат да се најдат во радиоактивниот отпад обложен со цименто. Не само што одлично се прилагодиле на животот во такви услови туку можат да користат на изосахаринската киселина како извор на храна и енергија во средина слична на таа каде што се фрла радиоактивен отпад. На пример, кога нема кислород овие бактерии можат да дишат со помош на хемикалии во водата, како што се нитратите и железото.

Научниците во Манчестер ги истражуваат овие процеси кои овозможуваат живот во толку екстремни услови, како и стабилизирачкиот ефект на овие бактерии на радиоактивниот отпад. Крајна цел на истражувањето е подобро разбирање на безбедноста на подземното одложување на радиоактивниот отпад преку проучување на необичната исхрана на бактерии на кои им годи опасен отпад.

Се претпоставува дека на тешката средина се прилагодиле во само неколку децении, па многу веројатно е слични бактерии прилично брзо да се прилагодат на нуклеарен отпад со цименто. Иден чекор во истражувањето е влијанието на бактериите на радиоактивните материи. Се очекува дека ќе ги задржат под земја со својата исхана и способноста за природна разградба на изосахаринската киселина.

Секоја помош во борба против загадувањето и во згрижувањето на отпадот (посебно опасниот) е повеќе од добредојдено, па ќе навиваме за овие бактерии. И ќе се надеваме дека, покрај нуклеарната исхрана, нема да станат сосема нов проблем.

Национална географија

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска