Екипата на Олимпик Марсеј ја продолжува победничката серија во француското фудбалско првенство.
Олимпик ја забележа седмата победа во низа во Лига 1, откако вчера на гостувањето кај Каен славеше со 2:1, и тоа со голот на Жињак постигнат во последната минута од натпреварот.
Со овој триумф тимот од југот на Франција се зацврсти на првата позиција на табелата.
Денеска во Лига 1 ќе бидат одиграни четири натпревари, со кои ќе се комплетира 9.коло. Од овие четири средби, го издвојуваме последниот, во вечерниот термин од 21 часот, кога шампионот Париз Сен Жермен ќе го пречека составот на Монако.
Двојки и резултати од 9.коло во Лига 1:
Недела
Сент Етијен – Тулуз,
Олимпик Лион – Лил,
Гингамп – Нант
Париз Сен Жермен – Монако.
Сабота
Кан – Олимпик Марсеј 1:2,
Бастија – Лориен 0:2,
Рен – Ленс 2:0,
Ница – Монпеље 1:1,
Евијан – Мец 3:0
Петок
Ремс – Бордо 1:0.
Табела:
Олимпик Марсеј 22 бодови,
Бордо 17,
Лил 15 (-1 натпревар помалку),
Париз Сен Жермен 14 (-1),
Мец 14,
Сент Етијен 14 (-1),
Ница 14…