Фудбалерите на Хамбург славеа минимална победа од 1:0 на гостувањето во Дортмунд против Борусија во натпревар од 7.коло на Бундес лигата.
Победничкиот гол за гостите го постигна Пјер Мишел Ласоња во 35-минута.
Затоа пак, шампионот Баерн беше убедлив во дуелот со Хановер совладувајќи го со 4:0, а по два гола за Баварците постигнаа Ариен Робен и Роберт Левандовски.
На останатите натпревари одиграни попладнево беа постигнати следниве резултати: Баер Леверкузен – Падерборн 2:2, Вердер – Фрајбург 1:1 и Хофенхајм – Шалке 2:1.
Денешната програма ќе ја заокружат Ајнтрахт – Келн, а за утре закажани се натпреварите Волфсбург – Аугсбург и Борусија Менхенгладбах – Мајнц.