Ирачки официјални лица соопштија дека џихадисти од Исламска држава собориле ирачки борбен хеликоптер, на север на државата. Официјално лице од Министерството за одбрана рече дека екстремистите од ракетен фрлач го собориле хеликоптерот „МИ-35“ помеѓу градовите Беиџи и ел- Сеније на север на Ирак.
Според зборовите на други официјални лица, во несреќата загинале пилотот и копилотот, пренесе „Асошиејтед прес“.
Инаку во Беиџи кој се наоѓа на околу 200 километри северно од Багдад се наоѓа најголемата нафтена рафинерија во Ирак.
Е. Г.