Реакција на Министерството за здравство на ставовите на Асоцијацијата за дијабет „Баланс Мк“

Од:

Во врска со информациите изнесени на денешната прес-конференција на Асоцијацијата за дијабет „Баланс Мк“ уште еднаш потсетуваме на ставовите на докажани експертите и стручни здруженија од областа на ендокринологијата, како што се Универзитетската клиника за ендокринологија, Научно-стручното здружение на ендокринолози и дијабетолози на РМ, д-р Викторија Перцан, раководител на Центарот за дијабетес и други, кои цврсто застанаа зад ставот дека – Апсолутно нема никакви причини за страв и паника кај лицата со дијабетес и дека во нашата држава се присутни хумани инсулини и инсулински аналози со исклучително висок квалитет од врвните светски производители од Соединетите Американски Држави, Данска и Франција.

Значи, секоја замена со друг тип на инсулин се прави со соодветен инсулин на начин што нема да доведе до нарушување на гликемиската контрола, што значи дека не постои никаков медицински ризик за пациентите и никакви штетни последици по нивното здравјето.

По тој повод го повикуваме Зружението БалансМК јавно да ги каже имињата на нивните таканаречени експерти, дали и со колкаво искуство тие располагаат во областа на ендокринологијата и од кои причини, без никаква медицинска и научна основа шират непотребен страв и паника кај пациентите.

Всушност, идејата на ваквите прес конференции е да се чека јавноста да ги заборави цврстите ставови на експертите и нивното тврдење дека нема никаква штетност по здравјето, и повторно да се изнесуваат невистини и да се манипулира јавноста. Исто така, сакаме да потенцираме дека е безобразна лага и дрско лажење дека имаме каков било бизнис интерес. Напротив, со ова се бориме против бизнис интересите на една компанија која сака да ја искористи доминантноста на пазарот со цел целосна контрола на пазарот и притисок врз државата.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски