Наполи со комбиниран тим со Пандев на клупата, а Единсон Кавани не се најде ниту на клупата и гледаше како 22-годишниот Едуардо Варгас сам го победи АИК.
Варгас доби шанса заедно со Лоренцо Инсиње, двајцата суперталентирани млади фудбалери на Наполи, да го предводат нападот.
Чилеанецот се одолжи со хет-трик за еден час и погоди во 6-та, 46-та и 69-та минута. Блерим Џемаили во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Бранителот на трофејот, Атлетико Мадрид, без поголем проблем го мина гостувањето во Тел Авив кај Хапоел победувајќи со 3-0 со што триумфално стартуваа во одбраната на мајската круна, втора за три години во ова натпреварување.
Днипро – ПСВ 2-0
Копенхаген – Молде 2-1
Маритимо – Њукасл 0-0
Фенербахче – Марсеј 2-2
Штутгарт – Стеауа 2-2
Бордо – Бриж 4-0
АЕЛ – Борусија Менхенгладбах 0-0
Викторија Плзен – Академика 3-1
Удинезе – Анжи 1-1
Јанг Бојс – Ливерпул 3-5.