Времето утре – сончево со мала облачност

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а во попладневните часови постепено ќе има зголемување на облачноста која најпрво ќе почне да се појавува во западните делови, а веќе во ноќните часови насекаде. Преку ноќта ќе има слаб локален дожд во западните делови. Преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 21 до 26 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а кон крајот на денот ќе има наоблачување. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд кој на повеќе места ќе биде со слаб, а во крајните западни и јужни делови со умерен интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски