Општина Студеничани поднесе кривична пријава против екс градоначалникот

Од:

Општина Студеничани поднесе кривична пријава до надлежното Јавно Обвинителство против екс-градоначалникот Фати Исени за злоупотреба на службената положба и овластување.

-Пријавениот за злоупотреба на службената положба и овластувањата како градоначалник на општина Студеничани спротивно од своите надлежности, по завршетокот на неговиот мандат како градоначалник во 2013 година при проимо-предавањто на должноста на новиот градоначалник г.Азем Садики не пријавил како сопственост на општината еден багер марка ‘КАТЕРПИЛАР’, багер кој општината Студеничани го добил како донација уште на 21 јануар 2006 година од фирмата ‘Мега Стар’ со седиште во Скопје, додека во документацијата како примател на донацијата е општина Студеничани. Истото возило не се користи од страна на општина Студеничани и не се зна ни каде, ни местотот каде се наоѓа, затоа и не во служба на општината. Исто така нема никаков доказ дека ова возило предходно е одуѓено или амортизирано. Со горо наведените постапки екс-градоначалникот Исени извршил кривично дело Злоупотреба на слжбената положба и овластување- се вели во кривичната пријава против екс-градоначалникот Исени.

За истотот возило општина Студеничани поседува сответна документација. Истата судбина како багорот на општината ја дали и еден камион кој екс-градоначалникот Фати Исени заедно со екс-директорот на Јавното Комунално Претпријатие (ЈКП), Мухамед Рамадани и го доделие на поседување на едно трето лице соопштуваат од општината.

-Фати Исени заедно со екс-директорот на ЈКП ‘Студеничани’ Мухамед Рамадани за потребите на ова претпријатие во декември 2011 гониа реализирале постапка за навка и купување на еден камион од страство (Р.Италија) за собирање на сметот за кој по исплатата на царинската такса од 103,436,00 денари наместо да го регистират пред належните како сопственост на на ЈКП истотот и го доделие на поседување на едно трето лице кој за време додека бил Рамадани директор бил и шофер на камионот за смет во ЈКП. Актуелниот поседувател на камионот Ќенан Бајрами со фиктивен договор а со налог на екс-градоначалникот Исени истиот камион и го дале на употреба на ЈКП со месечен надомест од 300 евра. За овј фиктивен договор општина Студеничани поднесе посебна кривична пријава против екс-градоначалникот Фати ИСени, екс-директорот на ЈКП ‘Студеничани’, Мухамед Рамадани како и против администраторката на општината Селвете Касами која пред неколку дена беше отпуштена од работа бидјеќи по налог на екс-градоначалникот Исени сакал да го фалсификува уштееднашка овој фиктивен договор злоупотребајќи печатитете на ЈКП. Овој камион исто така не во служба на ЈКП иако за истиот поседуваме сответна документација дека и припаѓа на општина Студеничани- се вели во сопштението од кабинетот на градоначалникот на општина Студеничани г.Азем Садики.

Општина Студеничани за да ги реализира комуналните услуги на своите граѓани има потреба од овије возила, токму затоа е и се поднесени кривичните пријави за враќање на истите како сопственост на општината.

Би можело да ве интересира

Изгоре кров и втор кат од куќа во скопското село Студеничани

Семејство од Студеничани контролира кој ќе има струја во селото: Блокира улици за да не влезат екипи на ЕВН

A1on

Се скарал со братот, па пукал и го ранил

Изгоре „БМВ“ во скопско Студеничани

Горан Наумовски

Високи функционери во МВР ги убедуваа жителите на Студеничани да не пукаат по свадби

Жарко Настоски

Млади жители на Студеничани уапсени во четири наутро, носеле пиштол и не почитувале полициски час

Жарко Настоски