Официјалната посета на словачкиот претседател Андреј Киска на САД поминува со неочекувани компликации, јавуваат медиумите.
Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, најпрво првиот државник на Словачка се заглави во лифт, а потоа беше дел од драматична сообраќајна незгода, кога во колона, двајца полицајци од обезбедувањето на неговата лимузина на мотори се судриле меѓусебе.
Притоа двајцата биле повредени, од кои едниот потешко. Претходно, Киска се заглави во лифт од кој морале да го извлекуваат пожарникари.