Универзитетскиот професор Татјана Каракамишева на денешната расправа во Собранието, во одбрана на владините предлози за уставните измени, таа објаснува дека не биле точни тврдењата дека власта сака во РМ да се прават заедници што би ги кршеле останатите слободи и права на некои други заедници.
-Мислам дека институцијата брак е една работа, а заштитата на слободите и правата е сосема друга работа. Овие два аспекта не смеат да се мешаат. Оној кој што смета дека е дискриминиран, дека му е повредена еднаквоста на слободите и правата итн. – тоа е прашање кое треба да се решава по судските инстанци, рече Каракамишева.