Албанското Министертво за одбрана соопшти дека успешно завршила испораката на оружје и муниција, како помош за Владата на Ирак во борбата против милитантите од Исламската држава, јави дописникот на МИА од Тирана.
Владата во Тирана, одлука за испорака на оружје и муниција ја донесе кон крајот на минатиот месец, како член на меѓународната коалиција против тероризмот.
– Албанија уште еднаш потврди дека е на страната на заштитата на вредностите на демократијата и мирот. Албанија е дел од меѓународната коалиција против ИД, се наведува во соопштението на албанската Влада.
Со канадски авиони беа транспортирани 22 милиони куршуми, 15.000 рачни бомби, 15.000 минофрлачки гранти, 12.000 минофрлачки гранати, 5.000 минофрлачки гранати и 12.000 ГХЛКТ, модел 1969.
Во истовреме, албанската Влада и подари 10.000 автоматски пушки на авганистанската полиција.