„Жестоко реагираме за непочитувањето на Законот за заштита и благосостојба на животните! Упатуваме јавна реакција за громорозниот чин.
Повторно иззживување врз едно невино и лесно ранливо живо суштество, кученце, кое што на грозоморен и загрозувачки начин е лишено од својот живот.
Примивме дојава од загрозени граѓани за мртво куче врзано со јаже. Едниот крај од јажето околу неговиот врат а другиот за еден од контињерите кои што се наоѓаат на ул. Партизанска, поточно во делот СИМПО. Идентитетот на извршителот на овој грозоморен акт за жал не е познат, затоа апелираме до сите граѓани на општина Битола кои што имаат било каква информација да не известат.
Ние како здружение за Заштита на Животните исто така апелираме до надлежните да си ја работат својата работа, да излезат на терен и да сторат се што е во нивна моќ да го пронајдат монструмот на ова кривично дело. Исто така сакаме да напомениме дека животните во Р. Македонија се заштитени со закон за Благосостојба на животните така што секое превземено дејстиве како што е измачување, иззживување, труење или на било каков друг начин лишување од живот животното следува и соодветна санкција.
Се надеваме на поддршка од граѓаните на општина Битола,затоа што очигледно дека станува збор за ментално нездрава личност која што во иднина би им штетела не само на другите животни туку и на животната средина, а загрозени се и луѓето.
Веруваме дека во борбата за хуманост сме сите едногласни и на иста страна. Затоа ја бараме Вашата поддршка, поддршката на нашите“, се вели во соопштението на Здружението за заштита на животните и животната средина „Мали херои“ Битола.