(ВИДЕО) СДСМ: Над 100 лекари за само 10 месеци заминале од земјава, власта панично бара чаре

Од:

„Станува алармантна состојбата со недостиг на стручни и искусни лекари во земјава. За неполни 10 месеци, годинава, дури 115 лекари побарале од Лекарската комора потврда за работа за заминување во странство.

За последниве три ипол години, ваква потврда од Лекарската комора побарале вкупно 606 искусни лекари.

Очигледна е паниката на власта којашто повеќе не е во можност да ја покрива реалноста. Дека им се случува лекарски егзодус, поради мизерните плати што им ги даваат на лекарите, поради потценувачкиот однос кон луѓето кои се грижат за најсветото нешто, здравјето на граѓаните“, изјави на денешната прес-конференција Д-р Ален Георгијев, пратеник од СДСМ и коалициските партнери.

„Тодоров распиша оглас за вработување лекари специјалисти од Србија. За да ги убеди, министерот за здравство, покрај плата, на српските лекари им најави дека државава ќе им го покрива и сместувањето во Македонија.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изгласа измени на Законот за здравствена заштита со коишто на здравствените работници им овозможува доброволно да го продолжат работниот однос до 65 години жени и до 67 години мажи. Затоа што до 2019-та година според најавите во јавноста, уште 1.279 стручни лекари, специјалисти и универзитетски професори треба да заминат во пензија!

Фрчат специјалисти од САД, Германија, Италија и Англија, за да обучуваат лекари во нашата земја и да ги прават тешките операции.

Зашто клиниките се окупирани од партиски кадри, без соодветен работен стаж, некои од нив без соодветна едукација, без искуство. Ќе треба да поминат години да се постигне искуството и стручноста на специјалистите кои ја напуштаат земјава.

Политиките на власта на Никола Груевски на партизација на здравството го земаат својот данок. Тоа е, за жал здравјето на нас граѓаните.

СДСМ повикува власта веднаш да престане да глуми усовршување на здравството. Тодоров и Груевски треба веднаш да го признаат проблемот со одливот на стручна лекарска работна сила во странство и да преземат мерки за негово решавање“, рече Д-р Ален Георгијев.

 

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он