Линии и моторџиски јакни, до неон бои и змиски дизајни. Модната недела во Лондон ги исфрли најголемите модни трендови за следните пролет и лето.
Во плакарот секако задржете ја вашата моторџиска јакна. Дали е во кожна или џинс варијанта комбинирајте ја со свечен фустан и го имате вистинскиот моден погодок за следното лето.
Рептилите владееа со пистата на Лондонската модна недела. Гардеробата со мотиви на змиска кожа исто така зачувајте ја за следната сезона.
Вертикални, дијагонални, хоризоонтални, линиите ќе бидат “ин“ во 2013-тата.
Следното лето ќе немате оправдувања, креаторите уште од сега ве предупредуваат, доведете го до совршенство вашето тело и обвиткајте го во креации во бела боја.
Но, исто така бидете подготвени да го покажете и горниот дел од вашиот стомак. Модниот хит за 2013-та се дводелните парчиња гардероба кои ги откриваат горните стомачни мускули.
Ако сакате да бидете забележани, задржете ги и парчињата облека во неон бои, под еднакво модерни ќе бидат и следната сезона.