Владата планира отворање на нови градинки преку Министерството за труд и социјална политика. Во првата фаза Владата одлучи да бидат отворени 14 нови капацитети на градинки во 13 општини на територијата на целата држава.
Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев овие 14 градинки имаат примарна цел на задоволување на потребите и интересите на граѓаните, родителите и децата, во руралните средини.
За оваа цел се обезбедени финансиски средства од над 2 милиони евра.