А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кампања за рационална употреба на антибиотици

by А1он26/09/2014 - 12:1426/09/2014 - 12:15140
Share0

Во Општина Велес денеска ќе се одржи стручен состанок со кој ќе се означи почетокот на кампањата за зголемување на свесноста за рационална употреба на антибиотици, што се одбележува под мотото „Антибиотиците не се храна за да ја одбираш без лекар. Секоја непотребна примена ја намалува нивната ефикасност“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Стручниот состанок ќе го отвори д-р Јованка Костовска од Министерство за здравство, а свои излагања ќе имаат д-р Голубинка Бошевска, национален координатор за антимикробна резистенција, проф. д-р Никола Пановски од Медицински факултет, м-р Кристина Христова од ФЗОМ и други.

Во рамки на кампањата, во наредниот период ќе се одржат девет двочасовни едукативни семинари што ќе се организираат еднаш седмично во периодот од 26 септември до 27 ноември оваа година и тоа во Охрид (9 октомври), Прилеп (16 октомври), Битола (17 октомври), Тетово (23 октомври), Штип (30 октомври), Куманово (6 ноември), Скопје (14 ноември), Кочани (20 ноември) и Струмица (27 ноември).

Целта е едукација на граѓаните и здравствените работници на локално ниво за превенција на нерационалната употреба на антимикробните средства и намалување на ризикот од антибиотска резистенција (АМР).

Следете a1on на Youtube YouTube

Кампањата се реализира во соработка на мултисекторската комисија за следење на антимикробната резистенција при Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицински факултет, Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, со финансиска поддршка од  Светската здравствена организација и Владата на Кралството Белгија.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто