Избран најдобриот барист во Македонија

Од:

Во рамки на Skopje Design Week, што се одржува во Куршумли Ан во Скопје, избран е најдобриот барист на Македонија за 2014 година.

Од вкупно 20 натпреварувачи шестмина се натпреваруваа во финалето, а изработуваа четири еспреса, четири капучина и четири авторски пијалоци.

На настанот присуствуваше италијанскиот Амбасадор Ернесто Масимино Белели, кој го потенцираше спојот меѓу кафето и дизајнот, како што рече, како во уметничкиот така и во индустрискиот дел (кафемати, филџани…).

Тој го искажа своето задоволство и благодарност кон учесниците кои, потенцира, како професионални баристи ја негуваат и шират културата на еспресото и италијанската традиција во пиење кафе.

Првото место го освои Филип Цанев од Сoffee Academy, второто Стојанчо Георгиевски од Цреша бар – Скопје и третото место Маријан Зелев од Кафе бар Емпорио- Богданци. Сите тројца добија наградно патување во Болоња, Италија, во седиштето на Attibassi.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

Снегот и ветрот турнаа и бандери, една падна врз автомобил

Александар Тодески

Ковачевски: Граѓаните треба да бидат среќни, живеат во држава со исклучително ниво на безбедност

А1он

Столтенберг: Не гледаме воена закана во регионот, но сепак има дополнителни илјада трупи во Косово

А1он

(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Александар Тодески

Османи ги заборавил другите дијалекти на македонскиот јазик поради ограничувањата со форматот во едностраната изјава

A1on