„Фолксваген“ го претстави „Голф OлТрак“

Од:

„Фолксваген Голф“ доби „OлТрак“ изведба со зголемено растојание од подлогата, базиран на караванскиот модел и погон на сите тркала.

„Голф OлТрак“ е повисок од подлогата за 20 милиметри, а има специјално дизајнирани 17 инчни алуминиумски фелни, заштитни пластични додатоци и редизајниарни браници од стандардната караванска изведба.

„Фолксваген Голф OлТрак“ кога се користи на стандардни патишта има погон само на предната оска, додека надвор од асфалтот силата се распоредува по потреба и речиси целосно може да се пренесе на задната оска.

Возачот може да избере Офроуд начин на возење, што активира функција за автоматско забавување на возилото и контрола на брзината при движење по стрмен терен.

„Голф OлТрак“ е достапен во понуда со еден бензински и три дизел мотори. Бензинскиот е 1,8 литарски ТСИ мотор со 180 коњски сили. Дизел моторите се меѓу 1,6 литарски ТДИ со 110 коњски сили и два 2,0 литарски ТДИ изведби со 150 и 184 коњски сили.

„Фолксваген“ моделот ќе го претстави на Саемот на автомобили во Париз, а почетната цена се очекува да биде нешто под 30.000 евра.

Би можело да ве интересира

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

Повредени две деца, возачите избегале откако ги прегазиле – четири пешаци во Скопје настрадале од автомобили

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on