Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците, недела 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.