Лондон уверува дека ќе и даде поширока автономија на Шкотска

Од:

Британската Влада го отфрли тврдењето на лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и шкотскиот прв министер Алекс Салмонд дека трите водечки британски партии нема да се придружуваат до ветувањата за проширување на овластувањата на Шкотска, истакнувајки дека тие јасно се „обврзале“ на тоа и дека Владата поставила „прецизен распоред“.

Салмонд во изјава за британскиот јавен сервис Би-Би-Си изјави дека лидерите на трите главни британски партии – на владејачката Конзервативна партија на Дејвид Камерон, Лабуростичката на Ед Милбанд и Либерално-демократска на Ник Клег, ги измамиле гласачите во очи рефендумот на независноста ма Шкотска.

– Оние кои гласаа против можат да бидат гневни затоа што со самото заокружување „не“ се „заведени“ и „измамени“, изјави шкотскиот прв министер, кој по објавивањата на резултатите од референдумот најави дека ќе поднесе отставка во ноември.

На историскиот рефендум во Шкотска во четвртокот повеќе од 55 проценти гласаа против независност на покраината. Трите водечки британски партии ја подржуваа кампањата против независноста.

Неколку часа по објавувањето на резултатите од рефендумот, Камерон најави дека пошироката автономија за Шкотска, требала, би требало да биде оследена и со пошироката автономијата за Англија, нагласувајќи дека секој договор по рефендумот треба да биде фер и траен.

Камерон најави дека планот за предавање на новите поголеми овластувања на Единбург го подготвил членот на британскиот Парламент и поранешен премиер, Шкотланѓанецот Гордон Браун, додавајќи дека предлог-законот за проширување на автономијата ќе биде готов до јануари.

Според Би-Би-Си, усвојувањето на законот ќе биде одложено за по изборите во мај 2015 година..

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски