Салмонд: Шкотланѓаните беа измамени да гласаат против независноста

Од:

Лидерот на шкотските националисти Алекс Салмонд ги обвини британскиот премиер Дејвид Камерон и другите лондонски политичари дека со „расфрлањето“ на ветувањата дека ќе и дадат на Шкотска повеќе надлежности ги измамиле Шкотланѓаните да гласаат против независноста на референдумот, што се одржа на 18 септември.

Салмонд, кој поднесе оставка од лидерската функција на Шкотската национална партија, која се бореше за независност, откако на референдумот беше поддржано останување на Шкотска во Обединетото Кралство со 55 наспроти 45 отсто од гласовите, изјави дека трите главни британски партии го добиле гласањето со измама.

– Сметам дека ветувањето беше нешто измислено во последните денови на кампањата и сметам дека секој граѓанин на Шкотска сега го сфатил тоа, рече Салмонд, имајќи ги предивид ветувањата на Камерон и на другите лидери два дена пред референдумот за брзо проширување на автономијата на Шкотска, доколку таа остане во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски