Турски разузнавачи ослободиле 49 заложници на џихадистите

Од:

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу изјави дека нивните разузнавачи успеале да ги ослободат 49-те заложници кои во јуни беа грабнати од припадници на Исламска држава, во северноирачкиот град Мосул.

Меѓу заложниците имало турски дипломати, војници и деца и тие сега се наоѓаат во градот Санлиурф во јужна Турција.

-Денес во пет часот утрово ги вративме своите граѓани во државава. Од се срце им благодарам на семејствата кои останаа достоинствени- рече Давутоглу и се заблагодари на турската разузнавачка служба МИТ, но не изнесе детали од ослободувањето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски