Дебата за Уставни амандмани

Од:

Македонскиот центар за европско образование во рамки на проектот „Основни права – Сместување во европската рамка“ се вклучува во јавната дебата по уставните амандмани и организира дебата за амандманот 39 на Уставот на Република Македонија, а во однос на воведувањето на Уставната тужба и подобрувањето на заштитата на човековите права.

На денешната дебата ќе говорат: д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, судија на Европскиот суд за човекови права, д-р Рената Дескоска, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ и м-р Костадин Богданов, владин агент пред Европскиот суд за човекови права.

Учесниците во дебатата во своите обраќања ќе треба да одговорат на прашањата:Колку уставната жалба ќе ја подобри заштитата на човековите права, какво ќе биде влијанието на уставната жалба врз работата на Уставниот суд во иднина, дали уставната жалба ќе претставува ефективен правен лек во очите на Европскиот суд за човекови права, каков ќе биде ефектот од уставната жалба врз обичните граѓани кои бараат правда и на тој начин да ја насочат дебатата и останатите присутно со цел да можат да бидат изготвени предлози за подобрување на регулативата и изменување на предложениот амандманот на Уставот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски