Британската кралица Елизабета Втора ги повика денеска граѓаните на Обединетото кралство на единство, да бидат заедно во духот на взаемно почитување и поддршка, откако вчера Шкотланѓаните гласаа на референдумот против отцепување.
Кралицата, која моментно се наоѓа на својот имот во шкотското место Балморал, го прекина своето официјално молчење за реферндумот, кој претставуваше закана за прекинување на 300 години старата заедница со која таа владее.
– Познавајќи го шкотскиот народ, немам сомнеж дека Шкотланѓаните, како и останатите во Обединетото кралство, се во состојба без притисок да го изразат своето мислење, а потоа повторно да бидат заедно во духот на меѓусебно почитување и поддршка, истакна кралицата во соопштението објавено од Бакингемската палата.
Осумдесет и осум годишната кралица истакна дека и денеска, еден ден по реферндумот, се силни чувствата и поделени емоциите, а со гласањето се победени сепаратистите.
Таа ги повика сите да работат на иднината на Шкотска и сите делови од земјата.
– Моето семејство и јас ќе направиме се што е потребно за да и помогнеме на оваа важна задача, нагласи во соопштението кралицата Елизабета Втора.