Еден жител на Лондон денеска заработи околу 327.000 евра, бидејќи се обложил дека Шкотите нема да изгласаат независност од Велика Британија.
Добитникот ја заработил сумата, откако во јуни вложил вкупно 900.000 фунти во обложувалница во источен дел на Лондон, соопшти обложувачот Вилијам Хил.
Како што пренесе „Ројтерст“ Хил кој што важи за најголем британски обложувач, рекол дека обложувалниците во тек на референдумот заработиле околу три милиони фунти.
Е. Г.