Во моментов најактуелна вест од светот е референдумов во Шкотска, а грешки им се случуваат и на најголемите. Телевизиската куќа CNN претстави графика на која Шкотска има 110% на граѓани.
Голем дел од ТВ куќите правеа графика со гласањето и со промените во живо, а веројатно на режисерот во CNN математиката не му е посилна страна.