Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави дека му „олесна“ по референдумот на Шкотска во разговор за германското радио „Дојччландфунк“, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
– Признавам: со резултатот ми олесна, изјави претседателот на Европскиот парламент, запрашан за победата на противниците на независноста на Шкотска.