И словенечката државна телевизија го анализира „Скопје 2014“. Налудничав проект, кич фасади, гротеска, Дизниленд.
Ова се квлаификациите на соговорниците, меѓу кои и Филип Урспрунг професот по историја на уметноста и архитектурата од универзитетот во Цирих.
-Овде бев прв пат во 2010 година, заедно со моите студенти, го посетивме градот поради тоа што се восхитувавме на квалитетот на архитектураата од 70-те и 80-те години. Тука се вратив минатата година, и целиот центар на градот беше целосно изменет и сега наликува на некој вид ноќен кошмар кој станал реалност.
-Зградата на владата беше извонреден пример на архитектура од 70-те и 80-те години. Ова е сега заменето со кич фасада. Имаше гласање преку интернет, и мнозинството го изгласа овој изглед, но тоа беше само илузија дека јавноста беше вклучена во изборот на овој проект, изјави Урспрунг.
Погледнето го видеото.