На „Ало докторе“ од 15 до 18 септември имало 738 повици

Од:

На телефонската линија 15123 за медицински совети за граѓаните „Ало докторе“ од 15 септември до 18 септември со пресек до 22 часот имало 738 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Во текот на јавувањата, како што се наведува, сите граѓани имаат добиено соодветна здравствена услуга преку здравствен совет. На дваесетина повици од цела Македонија, најчесто од Скопје докторите-специјалисти оцениле дека повикот треба да го пренасочат кон службата за Итна медицинска помош.

Најголем број од повиците се поврзани со респираторна, кардиоваскуларна етиологија и симптомна болка.

Во текот на овие денови во период од 18 до 22 часот на телефонската линија „Ало докторе“ во кол центарот на Итна медицинска помош беа дежурни и директорите на неколку клиники.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем