Првите резултати од пребројувањето на гласовите од референдумот за независност на Шкотска, покажуваат дека унионистите кои сакаат земјата да остане во Велика Британија, се во тесно водство.
По преброените гласови тринаесет,од вкупно 32 шкотски региони, во кои вчера се гласаше, унионистите имаат добиено 53,2 отсто од гласовите,додека сепаратистите 46,8 отсто.
Тоа значи дека во овие региони, против независноста гласале 426 217,додека за отцепување се определиле 370 526 Шкотланѓани. Меѓу овие 13 региони,каде се познати резултатите од гласовите,само во два, мнозинството од луѓето се определиле за независност на Шкотска.
Одзивот на референдумот,како што се очекуваше, е мошне висок и според извори од штабовите на партиите,изнесува околу 90 отсто.
На вчерашното гласања,право на глас имаа 4,2 милиони Шкотланѓани.Тоа е повеќе отколку на претходните гласања,затоа што под притисок на шкотскиот прв министер Алекса Салмонд,се дозволи за првпат да гласаат и тинејџерите на возраст меѓу 16 и 17 години.
Според толкувањето на противниците на отцепувањето,ваквата одлука е донесена затоа што се верува дека младите во поголем број се наклонети кон независноста.
За референдумот,се пријавија и рекорден број од 789 илјади гласачи преку пошта.
Веднаш по затворањето на гласачките места,агенцијата за испитување на јавното мислење Југав прогнозираше победа на унионистите од 54 отсто,наспроти 46 отсто колку што се проценува дека би добиле сепаратистите,но таквата прогноза беше оцената како „претерано оптимистичка“.