Енди Мареј навредуван по изјаснувањето за независна Шкотска

Од:

Британскиот тениски рекет број еден, Шкотланѓанецот Енди Мареј бил навредуван преку интренет, откако се изјасни за независност на Шкотска, соопшти локалната полиција.

Во раните утрински часови во четвртокот, кога кампањата за референдумот беше затворена,а гласчите требаше да се појават на гласачките места,на својата страница на Твитер, Мареј за прв пат откри дека го подржува отцепувањето на Шкотска од Велика Британија.

На страницата тој напиша дека „негативистичката кампања“ на унионистите го натерала да се определи за независноста на земјата и ги повика Шкотланѓаните да гласаат за осамостојувањето на нивната земја.

„Ајде да го направиме тоа“, напиша Мареј на Твитер, прифакајќи го како свој, повикот што првиот министер на шкотската влада, Алекс Салмонд,им го упати на гласачите во Шкотска,на крајот на кампањата.

Веднаш потоа, страницата на Мареј на Твитер, беше „бомбардирана“ со пораки за поддршка, но многу повеќе со пораки со омраза и закани.

Еден од оние кои го критикуваат гестот на тенисерот, го потсетува Мари на крвавиот масакр в основнотоо училиште во шкотското место Данблејн, од 1996 година.

Енди Мареј бил во училиштето, кога убиецот Томас Хамилтон влегол во една од училниците и почнал да пука, убивајќи 16 ученици и нивната учителка.

Претставник на шкотската полиција ги објасни коментарите и критиките кон Мареј како „мошне пакосни“. Тенисерот кој и ја донесе на Велика Британија првата титула на турнирот во Вимблдон, по пауза од седум децении, а на Олимпијадата во 2012 година го освои златениот медал во тенис,минатиот месец, во изјава за лондонски „Гардијан“ рече дека доколку на референдумот, мнозинството од луѓето се определат за отцепување, тој во иднина ќе настапува за Шкотска.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски